Top Sport

Симеоне: Не сум демагог, знаев дека клубот ќе донесе исправна одлука

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, ја поздравил одлуката на клубот да се повече од Суперлигата. на прес конференцијата, пред мечот со Уска во Ла Лига, Симеоне открил дека по неделниот натпревар со Еибар (5:0), клупските челници му ја изложиле идејата за европската Суперлига и дека претседателот, Мигел Анхел Хил Марин, пред да ја донесе одлуката за напуштање на проектот одржал состанок со стручниот штаб и фудбалерите.

„Немам што да кријам, моите размислувања секогаш биле јасни, конкретни и автентични. Бев еден од првите со кого клупските челници се консултираа околу влезот во Суперлигата. Им кажав дека верувам во нивната одлука и дека ќе го направат она што е најдобро за сите луѓе кои го сакаат овој клуб“, рекол тренерот на „јорганџиите“.

Значи сакавте Атлетико да влезе во Суперлигата?

„Луѓето во клубот долго ме познаваат, знаат дека не сакам демагогија и дека сега нема да ја користам ситуацијата за да го зголема својот углед. Им го кажав на челниците она што мислев дека треба да им го кажам. Нема сега да се правдам, во обид да им се додворам на оние кои ме слушаат“.

Дали верувате дека ова што се случи со Суперлигата ќе донесе некои промени?

„По тектонските потреси кои ги почувствуваме, нешто сигурно ќе се смени, не се сомневам во тоа. На подобро, не на полошо“, заклучил Симеоне.

Scroll to Top