Top Sport

Симеоне: Нема да ги гледам Реал, не уживам во нивната игра во последно време

Диего Симеоне по 0:0 ремито со Барселона на „Ноу Камп“ вели дека нема да го гледа вечерашниот меч помеѓу Севилја и Реал Мадрид, по кој „кралевите“ ќе можат да се израмнат со Атлетико Мадрид на врвот на табелата во Ла лига.

Резултатот од Барселона значи дека Атлетико остануваат лидери во Ла лига, со Барса и Реал зад нив, но сега „топката“ е префрлена кај тимот на Зинедин Зидан, кој со победи до крај може да ја „украде“ титулата.

„Сезоната беше фантастична. Има четири тима кои сакаат да завршат што е можно повисоко. Смирени сме, ќе се одмориме и ќе се подготвиме за Сосиедад во понеделник. Одиме напред натпревар по натпревар. Барса се голем тим, со Роналд Куман на чело и уште не е готово. И Реал Мадрид ќе се борат до крај, Севилја може да се вратат во игра ако победат. Не верувам дека ќе ги гледам Реал и Севилја. Не уживам во нивната игра и подобро да не ги гледам. Нема ништо да смени ако го гледам натпреварот. Ќе бидам со семејството и ќе вечерам“, вели Симеоне.

Scroll to Top