Диего Симеоне вели дека Луис Суарез го прави тоа што тој го очекувал и при првиот телефонски повик во текот на летото кога го донесе од Барселона.
Суарез е израмнет на второто место на табелата на листата на стрелци во Ла лига оваа сезона со поранешниот соиграч и близок пријател, Лео Меси од Барселона со 11 гола, и само Јусуф Ел-Несири од Севилја има повеќе голови, иако двајцата имаат повеќе одиграно мечеви од Суарез. Атлетико пак, пред неделниот меч со Валенсија имаат 4 поени предност пред Реал Мадрид и два меча помалку.
„Истиот момент кога зборував со Луис на телефон го почуствував тоа што го дава на теренот – многу желба и енергија. Тимот помага да биде во добра форма и да дава многу голови“, вели Симеоне.
Атлетико се огромни фаворити против Валенсија, бидејќи тимот на Хави Грасија е само 14. на табелата и нема победа во последните 12 лигашки мечеви со Атлетико, серија која трае од 2014 година.