По мадридското дерби без голови, но со доста возбуди, Барселона сигурно слави, откако успеа да се одвои од Атлетико и Реал на 10 поени.
Еден од најинтересните моменти беше кога Диего Симеоне реши да го замени Антоан Гризман, повторно зголемувајќи ги шпекулациите околу иднината на Французинот на „Ванда Метрополитано“. Симеоне имаше фантастичен одговор.
„Во мојот дом ме научија дека сè додека си член на семејството, ќе те сакаме до смрт. А Гризман дефинитивно е член на семејството. Игравме против најдобриот тим на светот и можеме да бидеме задоволни од ремито. Можевме и да загубиме“, вели Симеоне.
Позагрижувачки за Гризман треба да бидат свирежите кои му ги упатија дел од навивачите на Атлети, бидејќи довербата на аргентинскиот стратег изгледа бесконечна.