Top Sport

Симеоне: Шансите за финале се пола-пола

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, рекол дека неговиот тим одиграл фанатстичен натпревар во Лондон, против Арсенал, во првиот полу-финален натпревар во Лига Европа.

„Јорганџиите“, во Лондон, одиграа 1:1, иако повеќе од 80 минути играа со фудбалер помалку на теренот. На почетокот на десеттата минута поради вториот жолт картон беше исклучен Шиме Врсаљко, а три минути подоцна црвен картон доби и тренерот Симеоне.

„Навистина е тешко да се игра против Арсенал со десетмина играчи на прекрасен стадион против тим што го предводи спектакуларен тренер. Начинот на кој моите играчи одиграа и се изборија со притисокот е неверојатен. Навивачите со нивната позитивната енергија ја дополнија нашата страст“, рекол Аргентинецот.

фото: EPA

Симеоне рекол дека неговата екипа херојски се борела откако останала со играч помалку на теренот.

„Се сеќаван на натпреварот во Барселона кога Фелипе Луис беше исклучен по 13 минути игра или втората во Лигата на шампионите кга беше исклучен Торес. Овој тим со години прави неверојатни работи. На стадионот како што е овај, против напаѓачкиот фудбал на Арсенал, тимот мораше да продолжи да се бори секоја минута од натпреварот. Тоа е најубавата работа во фудбалот“, рекол Симеоне.

Околностите го натераа Атлетико да се повлече во целосна дефанзива, а тренерот вели дека неговите играчи покажале карактер.

„Доколку играте нормално имате повеќе можности да постигнете гол, но кога се браните како што тоа го правевме ние, тогаш го покажувате вистинскиот карактер. Тоа е пораката за сите кои се со нас. Ова беше тежка сезона, со многу промени, со нов стадион, нашиот нов дом. Имаме 50 отсто шанси да одиме во финалето. Тимот дефанзивно одигра брилијантно“, завршил темпераментниот тренер на Атлетико.

Реванш натпреварот на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид на програмата е наредниот четврток од 21:05 часот.

Scroll to Top