Top Sport

Симеоне: Што мислевте, Атлетико ќе освои титула со 20 поени предност?

Диего Симеоне инсистира дека сите во Атлетико Мадрид биле свесни дека ќе мора да се борат до крајот на сезоната за да ја освојат титулата од Ла лига по 1:1 ремито со Реал Мадрид, по кое Барселона заостанува само три поени на табелата (иако со натпревар повеќе).

„Не сакам да бидам екстремен во моите изјави, така што си заминуваме од мечот со многу важни работи – тимската игра, голот… Знаевме дека мораме да се потрудиме во сезоната во која многумина мислеа дека ќе освоиме титула со 20 поени разлика. Не знам што си мислеа. Ќе биде тешко до самиот крај. Сакаме да бидеме подобри и ќе се фокусираме тоа“, вели Симеоне.

Scroll to Top