Top Sport

Симеоне за судиите и Реал: Тоа го прават сто години

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, не беше претерано изненаден од одредени контроверзни одлуки во корист на Реал на натпреварот од Купот против Селта (5:2).

Тимот од Мадрид славеше, но дури по продолженијата, иако шпанската јавност зборува за судењто на Монуера.

Најмногу се зборува за контроверзната ситуација пред голот на Реал во 37. минута при резултат 0:0.

Голманот на домаќините Лунин го собори напаѓачот на Селта, Сведберг, а за многумина тоа беше пенал, но не и за судијата, кој не виде ништо спорно во интервенцијата на Украинецот. Во продолжението на акцијата Мбапе го постигна првиот гол за Реал.

Спорни беа и две ситуации подцна пред голот на Реал, кога со рака играа најпрвин Белингем, а потоа и Ридигер. Во дополнителното време се зборува и за стартот на ЕНдрик, мислењата се дека требало да добие црвен картон.

Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, на прес конференцијата на неговиот тим со Леганес, им одговори на новинарите кои побараа коментар.

„Не го гледав натпреварот. Ми рекоа дека имало одредени ситуации, но такви работи се случуваат веќе сто години. Не знам зошто сте изнненадени”, изјави Симеоне, чиј тим е на неверојатен серија од 15 последователни победи во сите натпреварувања.

Во пресрет на натпреварот против Леганес, Атлетико е лидер во Ла Лига со бод пред Реал и шест пред Барселона.

Scroll to Top