Top Sport

Симоне Инзаги забранил дома да се споменува зборот „скудето“

Гаја Лукареило, сопругата на тренерот на Лацио, Симоне Инзаги открива дека тој забранил дома да се споменува зборот „скудето“, и додава дека тој и нивниот син Лоренцо го „уништиле“ нивниот дом играјќи фудбал внатре за време на карантинот во Италија.

Лукареило пред неколку недели откри дека е бремена со нивното трето дете, а Инзаги пак, откако го предводеше Лацио до второто место на табелата со само поен зад Јувентус, наредил да не се споменува шансата за титула на клубот од Рим.

„Зборот скудето е забранет во нашиот дом и таа тема е вистинско табу. Секако, беше разочарувачки да се прекине сезоната со толку добра форма на Лацио, но понекогаш се случуваат и поважни работи кои мораме да ги прифатиме. Ме плаши кога Симоне ќе се врати на тренинзи. Искрено, многу сум исплашена од вирусот“, вели Лукариело во интервју за весникот „Ил темпо“.

Изолацијата, како на сите луѓе, им предизвикува проблеми во домаќинството.

„Симоне денот го поминува гледајќи натпревари, контактирајќи со клубот и семејството, а потоа попладнето го посветува на Лоренцо. Играат постојано фудбал дома и веќе искршија сè што можеше да се искрши“, објаснува сопругата.

Scroll to Top