Поранешниот напаѓач на Милан, Марко Симоне е лут на турскиот репрезентативец Хакан Чалханоглу по неговиот трансфер од Милан во лутите градски ривали Интер, велејќи дека за него не би понудил ниту 300.000 евра.
27-годишниот Чалханоглу стана првиот фудбалер по Антонио Касано во 2012 кој ги сменил „росонерите“ за „нераѕурите“, и според италијанските медиуми потпиша тригодишен договор со плата од 5 милиони евра, еден милион евра повеќе отколку што добиваше од Милан.
Симоне, кој во моментов е тренер на францускиот третолигаш Шатеру, вели дека не е импресиониран.
„Ќе го кажам тоа што навистина го мислам. Јас сум тренер, и сметам дека не би му дал ниту 300.000 евра плата. Можеби без платен данок“, вели Симоне, кој постигна 75 гола во 260 меча за Милан во 1990-тите.