Додека неговиот брат, Симоне Инзаги ги предводеше Интер до 2:0 победа над Милан во полуфиналето на Лигата на шампиони, Филипо „Пипо“ Инзаги доби добри вести дека жалбата на неговиот тим, Реџина е усвоена и дека ќе им се вратат два од одземените поени за да останат во игра за влез во Серија А.
Реџина има проблеми со финансиите во текот на целата сезона, и откако повеќе пати не успеја да ги исплатат платите на играчите навреме им беа одземени вкупно седум поени. Сега, федерцијата им враќа два поени, со што тие скокнуваат на осмото место во Серија Б пред Венеција, Пиза и Асколи.
Фрозиноне и Џенова веќе се вратија директно во Серија А, додека третиот клуб ќе биде одлучен по плејофот во јуни.