Top Sport

Симулација на ждрепката за СП: Македонија во група со Англија, Украина…

На 7.декември ќе бидат извлечени квалификациските групи за пласман на Светското првенство во Катар. Македонија од четвртиот „шешир“ ќе ги чека своите притивници. Македонската репрезентација нема да може да игра со селекциите од овој „шешир“, а тоа се: БиХ, Словенија, Црна Гора, Албанија, Бугарија, Белорусија, Израел, Грузија и Луксембург.

Пред секоја ждрепка се прават симулации, околу можниот изглед на квалификациските групи. „We Global Football“ користејќи многу статстички податови, процентуално ги одреди противниците на Македонија.

Според овој извор, Македонија за пласман на Мундијалот во Катар, во 2022 година, би играла против Англија, Украина, Република Ирска, Фарските острови и Молдавија.

Фото/FFM.mk

 

Scroll to Top