Top Sport

Синдикатот на фудбалери бара ПСЖ да го врати Рабио во првиот тим!

Унијата на професионални фудбалери на Франција (УНФП) му нареди на Пари Сен-Жермен да ја завршат „изолацијата“ на Адриен Рабио тврдејќи дека постапките на францускиот клуб се нелегални и се на граница на „вознемирување на работно место“.

Рабио беше дел од контроверзите во ПСЖ на крајот на јуни откако одби да разговара за продолжување на договорот кој му завршува ова лето со трансфер во Барселона како главна опција. ПСЖ на ова реагираше брутално – прво не дозволувајќи му на Французинот пристап до соблекувалните за време на мечевите, а потоа праќајќи го да тренира со младинскиот тим.

Според УНФП, лидерите во Лига 1 делуваат нелегално бидејќи немаат посебни терени каде што професионалните фудбалери би тренирале посебно од првиот тим, според законите на Франција.

„Кога нема место за тренинг, како во случајот на ПСЖ, не смее да се воведе ваква мерка и треба да се формира друга група. Во случајот со Рабио, кој го одби продолжувањето на договорот, не е потребно да биде поставен во таква ситуација. Нема дозвола за втора група, така што тој веднаш мора да биде вратен во првиот тим“, вели Стефан Бурхкалтер, директорот на легалниот тим на УНФП.

Синдикатот вели дека ПСЖ има краен рок до среда да го врати Рабио во тимот, бидејќи во спротивност ќе добие казна“, вели Бурхкалтер.

Последниот настап на Рабио во првиот тим на ПСЖ беше на стартот на декември, кога ги одигра последните седум минути од 4:1 победата над Црвена звезда во Лигата на шампионите.

Фото: ЕПА

Scroll to Top