Италијанскиот синдикат на фудбалери (АИЦ), ја нападна Серија А за „срамниот и неприфатлив предлог“ за намалување на платите на фудбалерите оваа сезона до една третина од годишната плата.
АИЦ не успеа да се договори со Лега Серија А околу кратењето на платите, но денеска клубовите без согласност на играчите изгласа едногласно одлука за намалување на платите од една шестина до една третина во зависност од тоа дали сезоната ќе заврши.
Умберто Калањо, потпретседателот на АИЦ, вели дека фудбалерите се жртвени јагниња и дека ова е срамота за Италија.
„Тоа е срамотен и неприфатлив предлог за нас. Јасно е дека сакаат фудбалерите да ја платат штетата предизвикана од кризата. Единствено што вреди да се спомене е тоа што тимовите ќе мораат да преговараат со своите фудбалери за мерките“, вели Калањо.
Клубовите од Серија А се договорија – фудбалерите со скратени плати