Top Sport

Синиша Михајловиќ пак е во болница, на трет циклус хемотерапија

Тренерот на италијанска Болоња, Србинот Синиша Михајловиќ повторно се врати во клиниката „Сант Орсол“ за да го прими третиот циклус од предвидената хемотерапија откако месеци наназад се бори со леукемија.

Како што пренесува „Газета село Спорт“, тој со приватно возило бил одведен во клиниката за да продолжи со лекувањето.

Без оглед на сериозните здравствени проблеми, тој го води клубот на теренот, не се откажува од својата работа што, пак, навивачите на Болоња знаат да го ценат.

Првите две терапии поминаа одлично, пишуваат италијанските медиуми, па сите се надеваат дека и третата ќе помине како што треба.

Минатиот викенд Михајловиќ ја водеше Болоња на гостувањето кај шампионот Јувентус, но иако торинскиот клуб победи со 2-1, Болоња беше многу блиску до реми.

„Горд сум на вас поради начинот на кој одигравте против Јувентус“ – им рекол Михајловиќ на играчите по завршувањето на мечот.

Болоња моментно е на 13 место на табелата во Серија А, а Јувентус е на врвот со 22 освоени бода.

Scroll to Top