Top Sport

Синот на Дидие Дрогба потпиша за италијански четвртолигаш

Исак Дрогба, синот на славниот напаѓач од Брегот на Слоновата Коска, Дидие Дрогба, е новото засилување за италијанскиот четвртолигаш Фолгоре Каратезе.

Исак Дрогба, кој е роден во Париз во декември 2000, беше дел од младинската школа на Челси, каде што играше неговиот татко, пред да се пресели во францускиот Генгам, пред трансферот во Фолгоре Каратезе, клуб кој настапува во Серија Д.

Дидие Дрогба помина осум години во Челси, постигнувајќи 164 гола во 381 настапи во најславните денови на клубот од јужен Лондон, освојувајќи 14 големи трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите во 2011/12.

Scroll to Top