По речиси три години во Валенсија, синот на Фил Невил, Харви потпиша договор со Манчестер јунајтед на својот 16. роденден, продолжувајќи ја семејната „традиција“.
Невил јуниор се приклучи на младинската академија на Валенсија кога неговиот татко се пресели во Шпанија како асистент на братот Гери во 2015 година. Сега, втора генерација Невил ќе ги брани боите на „ѓаволите“.
„Горд сум на Харви Невил кој ги следи своите соништа“, изјави Фил Невил кој сега е актуелен тренер на женската репрезентација на Англија.
Невил сениор имаше 386 настапи како фудбалер за Јунајтед и се врати како тренер во тимот кога Дејвид Мојс стана менаџер во 2013 година.