Top Sport

Синот на газдата на Лестер: Ќе одам по твоите стапки тато, ми недостасуваш!

Потпретседателот на фудбалскиот клуб Лестер Сити, Аиват Сривадханапрабхе, синот на трагично загинатиот сопственик на клубот, Вичаи Сривадханапрабхе му посвети на татка си емотивно писмо кое беше објавено на друштвените мрежи.

„Ми недостасува татко ми со цело срце. Сакам да им се заблагодарам на навивачите за бројните пораки со поддршка кои ги примив овие денови. Можам да ви ветам дека ќе сторам се за да продолжам таму каде што тој застана. Ќе продолжам да ја носам неговата визија и сни“ напиша Аиват.

Тој во пораката до јавноста вели „Страшно сум горд што имав таков добар татко. Тој ме научи на се, ме научи на вредности. Ќе бидам силен и ќе го чувам семејството“.

Сопственикот на Лестер трагично го загуби животот во саботата откако се сруши хеликоптерот во кој се превезуваше заедно со екс-тајландската мисица, неговиот помошник во Лестер и двајцата пилоти.

Scroll to Top