Селекторот на Индија, и поранешен хрватски фудбалер Игор Штимац потврди дека вчера неговиот син го истепал него и својата сестра и дека тој го пријавил во полиција.
„Да, тоа е вистина, но не би одел во детали. Такви работи се решаваат во семејството. Но, да тој правеше ’мајмунарии’“, вели Штимац во изјава за „Далматински портал“.
Според неофицијалните хрватски извори, инцидентот се случил пред станот на Штимац во Сплит, каде што неговиот син во алкхолизирана состојба тропал на вратата, а потоа ги нападнал својот татко и својата сестра која се обидела да му помогне. Потоа, тој се обидел да го прескокне балконот и ја скршил ногата.