Top Sport


Синот на Луис Суарез за роденден доби потпишан дрес од Халанд

Синот на Луис Суарез го добил најубавиот подарок за неговиот роденден. Еден од најдобрите светски напаѓачи, Ерлин Халанд, на момчето му испратил потпишан дрес.

Суарез го замилил Халанд да му ја исполни роденденската желба ба неговиот син. Норвежанецот веднаш одговорил на барањето.

Уругваецот на Инстаграм ја закачил сликата на која неговиот син позира со дресот на Халанд.

„Врвен играч. Благодарен сум за дресот што го испрати за роденденот на моето момче. Неверојатен гест. Продолжи напорно да работиш и уште еднаш многу ти благодарам“, напишал Суарез.

Scroll to Top