Top Sport

Синот на Матиќ доби посебна порака од Роналдо (видео)

Играчот на Манчестер јунајтед, Србинот Немања Матиќ откри дека неговиот седумгодишен син Филип добил посебна порака од мега-ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо.

Роналдо, кој играше шест години на „Олд Трафорд“, од својот клупски колега, сака да му се заблагодари на Филип Матиќ, откако тој беше сниман како прославува во стилот на Роналдо. Оваа снимка на Роналдо му ја покажал неговиот хрватски колега од Реал, Лука Модриќ.

„Здраво Филип Матиќ, тука сум само да те поздравам бидејќи знам дека си фан. Лука ми покажа како славиш како мене. Се гледаме наскоро“, вели Роналдо во видеото.

Scroll to Top