Top Sport

Синот на починатиот Рејес ја воодушеви Шпанија (Видео)

Пред шест месеци во сообраќајна несреќа смртно настрада поранешниот фудбалер на Севилја, Арсенал, Реал, Атлетико…Хосе Антонио Рејес. Имаше само 35 години зад себе ја остави сопругата и трите деца, две ќерки и синот од првиот брак Хосе Антоно Рејес јуниор.

Рејес јуниор е тема на денот во шпнанските медиуми. Кога дознаа за трагедијата која се случи на 1 јуни, челниците на Реал Мадрид решија да го донесат младиот Рејес од Леганес во својата фудбалска школа.

Седум месеци подоцна Рејес јуниор им помогна на Реал Мадрид, играчи до 12 години, да ја одбранат титулата на престижниот турнир Ла Лига Промисес. Турнирот се играше во Абу Даби, а настапија екипи од Ла Лига (Реал, Барселона, Севилја, Атлетико, Валенсија, Вилјареал, Еспањол…), односно ПСЖ, Јувентус, Интер, Борусија Дортмунд, Бенфика.

Рејес јуниор ја доби наградата за најдобар играч на турнирот, тој постигна девет гола на шест натпревари. Во финалето сам ја победи Севилја, постигна четири гола во победата на Реал 5:3.

Scroll to Top