Top Sport

Синовите на најпознатиот бразилски навивач ја продолжуваат традицијата

Двајцата сина на Кловис Фернандес, најпознатиот бразилски фудбалски навивач во историјата, ќе ја продолжат неговата традиција стартувајќи од Светското првенство во Русија, каде што денеска „селесао“ го игра првиот меч против Швајцарија.

Кловис стана славен како постојан навивач на Бразил, следејќи го Бразил на седум Светски првенства во низа од 1990 до 2014 година, но во 2015 година почина од рак по деветгодишна битка со болеста на само 60 години.

Трагично, неговиот последен меч беше 7:1 поразот од Германија во полуфиналето на Светското првенство на домашен терен.

Неговите синови, Франк и Гоставо веќе се во Русија и ќе бидат на трибините во Ростов, каде што вечерва од 20 часот Бразил игра со Швајцарија.

Scroll to Top