Андреа Зенга, син на легендарниот италијански фудбалски голман, Валтер Зенга тврди дека со неговиот татко се видел само неколкупати во последните 14 години.
„Со татко ми немам никакви спомени од детството затоа што не беше тука. Сите мои сеќавање се поврзани со мајка ми и брат ми. Немам ништо од него, баш ништо. Во најважните денови од мојот живот, тој не беше тука“ вели тој.
Критики на сметка на екс-италијанскиот голман стигнуваат и од постариот негов син, Николо.
„Тој никогаш не бил во нашиот живот. Секогаш се обидував да стапам во контакт со него, се чувствував непожелен. Му напишав писмо, а тој само очајно ми одговори. Патев, дури и ме блокираше на Инстаграм. Тој е најлошиот татко на светот“ изјавил Николо Зенга.
Валтер во дресот на Италија бранеше на 58 меча, а подоцна стана и фудбалски тренер. Трипати се женеше и има 5 деца.