Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Сересо, не го криел дека е изненаден и разочаран од одлуката на Антоан Гризман да го напушти клубот во летниот преоден рок. Францускиот репрезентативец по пет години ќе го смени клубот, а Атлетико од неговиот трансфер ќе заработат 125 милиони евра.
Првиот човек на екипата од „Ванда Метрополитано“ рекол дека тренерот Диего Симеоне и сите во клубот биле разочарани од одлуката на Гризман.
„Јас сум повеќе разочаран отколку што сум лут. Антон имаше одлична иднина во Атлетико. Сепак ќе ја почитуваме неговата одлука. Реши да замине, јас не можев да го убедам во спротивното. Кој е неговиот нов клуб? Не знам и не ме интересира. Не сме добиле никаква понуда досега од ниту еден клуб. Сакам Гризман во новиот куб да го има истиот третман како кај нас“.
Како Симеоне ја прими одлуката на Гризман?
„Чоло е разочаран, како и сите во клубот“.
Иднината на Родри?
„Родриго денес е играч на Атлетико, но доколку утре добие понуда и сака да си оди…“, рекол Сересо не сакајќи да открива повеќе детали.