Top Sport

„Сите во Барселона чекаат Меси да направи нешто, тимот веќе нема харизма“

Легендарниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, упатил низа критики за она што го игра актуелниот шпански шампион Барселона.

Каталонците, синоќа, одиграа 0:0 на домашен терен против Славија во Лигата на шампионите.

„Интересен е случајот со Барселона. Клубот има историја во која е запишано дека сите успеси ги постигнале брилијантни колективи. Лео Меси беше на врвот и ја правеше разликата. Што е сега понаку од порано? Се чини дека фудбалерите на Барселона чекаат да видат што ќе направи Меси“, рекол Венгер.

Тој истакнал дека Барселона и понатаму е фантастичен тим.

„Тоа е константа, но Барселона повеќе нема харизма. Би требало да размислат и да се запрашаат зошто толку негативно влијание имаат претходните елиминации во Лигата на шампионите. Гледајќи од страна се чини дека Барса навистина ја загубиле харизмата“.

Ден по нерешениот резултат со Славија, шпанските медиуми шпекулираат дека под знак прашалник е иднината во клубот на тренерот Ернесто Валверде.

Scroll to Top