Top Sport

Сите зборуваат за Роналдо, го заборавија рекордот на Џеко

Кристијано Роналдо синоќа постигна два гола против Лацио и постави еден неверојатен рекорд. Португалецот на својот 61 натпревар дојде до бројката од 50 гола во Серија А.

Роналдо во кариерата во три од најсилните пет европски национални првенства постигнал најмалку 50 гола во кариерата. Претходно до такво остварување дојде во Премиер лигата на Англија и шпанската Ла Лига.

Ваков подвиг претходно направи Един Џеко. Разликата е само во тоа што Џеко нема играно во Шпанија, туку има постигнато 66 гола во кариерата во Бундес лигата, каде играше за Волфсбург.

Scroll to Top