Top Sport

Сити две недели без Агуеро

Напаѓочот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро, ќе отсуствува од фудбалските терени две недели поради повреда на коленото.

Аргентинскиот напаѓач се повредил на тренингот, а дополнителните прегледи и тестовите што биле извршени сугерирале дека тој треба извесен период да отсуствува од натпреварите.

Агуеро ќе го пропушти натпреварот против Стоук во Премиер лигата, а веројатно нема да биде ниту во аргентинската репрезентација на пријтелските натпревари против Италија и Шпанија.

Аргентинецот кој оваа сезона има постигнато 21 гол во Премиер лигата, информацијата дека нема да игра најмалку две недели ја поврди на социјалните мрежи.

Scroll to Top