Top Sport

Сити го комплетираше првиот трансфер за новата сезона, донесе хит играч во Ла Лига

Фабризио Романо потврди дека Савио Мореира (19) од следната сезона ќе игра за Манчестер Сити. Напаѓачот на Жирона од лето ќе биде под водство на Пеп Гвардиола.

Жирона стана дел од Сити фудбалската групација во 2017 година. УЕФА тогаш дозволи една група да поседува повеќе од еден клуб во европскиот фудбал. Оттогаш, сопствениците на Сити финансиски и кадровски го поддржуваат овој помал шпански прволигаш, кој моментално е на второто место во Ла Лига.

Шеикот Мансур бин Зајед ал Нахајан и Калдун Мубарак ја основаа Сити Фудбал Груп и станаа првиот клуб што го купи Манчестер Сити. Тие го направија тимот на „Етихад“ најсилен во светот и најтрофеен во последните десет години.

Савио според Трансфермаркт вреди 30 милиони евра, а оваа сезона одличното лево крило на 28 натпревари постигна седум гола и седум пати асистираше. Савио има одлична техника и брзина, што го прави незапирлив оваа сезона.

Scroll to Top