Top Sport

Сити го обезбедиле потписот на Бруно Фернандеш

Англиските медиуми објавија дека Манчестер сити ја добиле битката со Манчестер Јунајтед за играчот на Спортинг од Лисабон, Бруно Фернандеш. Според истите извори „граѓаните“ за овој играч ќе платат 55 милиони евра. Интерес за Португалецот покажуваа и Ливерпул, односно Тотенхем.

Информацијата дека Фернандеш ќе потпише договор со Сити, медиумите ја лансираа по синоќешниот натпревар помеѓу Манчестер сити и Лестер (1:0).

Португалецот, Фернандеш игра неверојатна сезона, на 50 натпревари во сите натпреварувања има учинок од 31 гол и 17 асистенции. Ваква статистика никогаш немал ниту еден играч од редот за врска.

Минатата сезона Фернандеш беше прогласен за најдобар играч во португалското првенство, а поради неверојатната статистика многумина го споредуваат с Френк Лампард и Стивен Џерард.

Scroll to Top