Top Sport

Сити го победија Баерн, но го загубија Марез? (видео)

Пеп Гвардиола ќе се „поти“ околу физичката подготвеност на неговото најново засилување, Ријад Марез, откако Алжирецот беше повлечен од мечот против Баерн Минхен по 22 минути игра со повреда на скочниот зглоб, пред неговиот тим да стиген до 3:2 победа.

Марез, за кого Сити платија 61 милиони  фунти на Лестер, сега е неизвесен за стартот на Премиер лигата, каде што актуелните шампиони почнуваат со гостување кај Арсенал на 12 август.

Сити се вратија за 3:2 победа, откако губеа со 2:0 од поранешниот клуб на нивниот менаџер Пеп Гвардиола. Меритан Шабани го отвори резултатот пред Арјен Робен да зголеми на 2:0 со убав гол.

„Граѓаните“ се вратија во игра кога Бернардо Силва намали на 2:1 пред полувремето, а Лукас Нмеча израмни по шест минути игра во второто полувреме. Бернардо Силва, кој може да биде стартер на местото на Марез, го комплетираше добриот меч со втор гол на 20 минути пред крајот.

Scroll to Top