Top Sport

Сити го згази Тотенхем

Фудбалерите на Манчестер Сити ја продолжија својата доминација во Премиер лигата со убедливата победа над Тотенхем 4:1 (1:0) во рамките на 18.коло. Избраниците на Пеп Гвардиола ја забележаа 16.последовна победа во првенството и го подобрија апослутниот рекорд.

Сити уште еднаш ја покажа класата, во дуелот во кој остатокот од Премиер лигата „навиваше“ за Тотенхем и за спас на сезоната.

Иако Маурисо Покетино најавуваше дека Тотенхем ќе игра на победа, Сити не му остави ниту трошка надеж дека непоразен ќе го напушти Манчестер. Гвардиола и неговиот тим лесно славеа и против петтиот тим од „големата шестка“ во првенството.

Тотенхем на „Итихад“ издржа 15 минути кога Уго Љорис го совлада Гундоган. Нетипично за него германскиот репрезентативец погоди со глава по корнерот на Сане.

Одбраната на Тотенхем втор пат потклекна во 70.минута кога Де Брујне го заврши контранападот на Сити. Точка на триумфот стави Стерлинг со головите во 80. и 90.минута од натпреварот.

Честа на Тотенхем ја спаси Ериксен со голот во 93.минута.

Победата на Сити можеше да биде и поубедлива но Габриел Жесус во 75.минута не реалзира пенал.

По 18 натпревари Сити е лидер 52 бода, 14 повеќе од Манчестер јунајтед кој има и натпревар помалку, додека Тотенхем е на седмото место со 31 бод.

Scroll to Top