Фудбалерот на Лестер и англиски репрезентативец, Хери Мегвајр оваа недела ќе го сруши рекордот за трансфер на еден дефанзивец, но спротивно на очекувањата, нема да замине во Манчестер јунајтед, туку во градскиот ривал, Манчестер сити, тврди „Дејли мирор“.
Дефанзивецот на Лестер ќе ги чини актуелните шампиони од Премиер лигата 80 милиони фунти и ќе има неделна плата од 280.000 фунти на „Етихад“, со што ќе го претекне Виргил ван Дајк како најскап дефанзивен фудбалер во историјата.
Мејгвар потпиша нов петгодишен договор со Лестер во септември, велејќи дека понудата била „предобра да се одбие“. Ова ќе биде голем удар на плановите на Оле Гунар Солскјер да почне со изградбата на нов Јунајтед.