Манчестер сити се подготвени да го срушат својот трансфер рекорд за да го добијат фудбалерот на Ајакс, Френки де Јонг, јавува британскиот „Дејли рекорд“.
Тотенхем се обидоа да го донесат 21-годишниот талент за 25 милиони фунти во текот на летото, но Ајакс бараа 45 милиони фунти, а сега цената скокна на неверојатни 71 милиони фунти. Пеп Гвардиола и управата на клубот се подготвени да ја платат оваа сума, која би го подобрила рекордот од 60 милиоин фунти кои ги платија на Лестер за да го добијат Ријад Марез ова лето.
Можноста за овој трансфер е голема бидејќи богатите сопственици на Манчестер сити остануваат на својот план да го изградат најдобриот тим на светот, а 21-годишниот фудбалер од средниот ред кој игра и во дефанзивата би бил совршен за тимот на Гвардиола. Сепак, тешко е да се верува дека Сити би ги дале овие пари во јануари, така што трансферот најверојатно би се реализирал во текот на летото.