Top Sport

Сити лесно го освои „Вембли“, нема гол за Кејн (видео)

Манчестер сити по трите незгодни порази во низа (два од Ливерпул во ЛШ и еден од Манчестер јунајтед во ПЛ), стигна до лесна 3:1 победа на гостувањето на „Вембли“ кај Тотенхем, за кои Хери Кејн не успеа да се запише во листата на стрелците и остана на пет гола од најдобриот стрелец во лигата, Мо Салах.

Габриел Жесус во 22. минута успеа да ја претрча одбраната на Тотенхем за да го совлада Љорис и да донесе рано водство за „граѓаните“, пред само три минути подоцна Илкај Гундоган да го зголеми водството на 0:2 со гол од пенал. Пеналот беше малку контроверзен, бидејќи интервенцијата на Уго Љорис над Рахим Стерлинг беше надвор од шестнаесетникот, но тоа не му пречеше на судијата Мос да покаже на белата точка.

Спарси добија надеж дека можат да ги спречат гостите да стигнат до победа кога Кристијан Ериксен по една убава акција во 42. минута намали на 2:1, меѓутоа печат на победата стави Рахим Стерлинг во 72. минута од мечот.

Сити уште ја немаат потврдено титулата бидејќи по 28. победа во 33 кола во ПЛ имаат 87 поени, 16 повеќе од Манчестер јунајтед, кои утре играат. Тотенхем останува на четвртото место со 70 поени, седум повеќе од актуелниот шампион Челси на последното место кое води во ЛШ.

Фото: ЕПА

Scroll to Top