Микел Артета преговара со Арсенал. „Топџиите“ бараат тренер ткако му врачија отказ на Унаи Емери, а изборот паднал врз помошникот на Пеп Гвардиола во Манчестер сити. Целата работа на Артета би можеле да му ја расипат од неговиот актуелен клуб.
Англисккте медиуми пренесуваат дека челниците на „граѓаните“ биле незадоволни од однесувањето на нивните колеги од Арсенал. Според нив неприфатливо било што уште никој од Арсенал не ги контактирал.
Артета, кој е поранешен играч на Арсенал, наскоро би можел да ја официјализира соработката со овој клуб. Пречка може да биде само обесштетувањето, односно сумата што Сити би ја побарале за го ослободат Шпанецот од обврските.
Инаку, менаџерот на Сити Гвардиола, синоќа по победата над Оксфорд во Лига купот, рекол дека повеќе нема да одговора на прашања поврзани со Артета.
„Претходниот ден одговорив на 48 прашања поврзани со Микел. Повеќе нема да одговарам на такви прашања. Кога ќе се случи нешто ќе бидете информирани“, рекол Гвардиола.
Арсенал преговорите со Артета ги започнаа во неделата, веднаш по поразот токму од Манчестер сити (0:3) во Премиер лигата.