Манчестер сити обезбедиле потпис на уште еден аргентински талент, фудбалерот на Велез Сарсфилд, Максимо Пероне во договор вреден 7 милиони фунти, тврди обично добро информираниот Фабрицио Романо.
Сити постојано го следат аргентинскиот фудбал, од каде го донесоа и Хулијан Алварез, кој стана хит на „Етихад“ по трансферот од Ривер Плата минатата сезона, постигнувајќи 7 гола во првите 21 мечеви за премиерлигашот, по што доби шанса и од аргентинскиот селектор, Лионел Скалони на СП во Катар.
19-годишниот Пероне е играч од средниот ред, кој честопати беше споредуван со Френки де Јонг од Барселона и Федерико Валверде од Реал Мадрид, поради неговата игра и контрола на мечот. Тинејџерот беше поврзуван и со Вулверхемптон, но Сити беа поконкренти со понуда од 7 милиони фунти. Тој би се приклучил на Сити по комплетирањето на Јужнамериканскиот јуниорски шампионат со Аргентина во средината на февруари.