Top Sport

Сити не даваат 50 милиони фунти за Кукурелја

Манчестер сити им порачале на Брајтон дека нема шанси да платат 50 милиони евра за трансферот на Марк Кукурелја и дека веќе бараат алтернативи, тврди „ЕСПН“.

На тимот на Пеп Гвардиола им е потребен лев бек по заминувањето на Олександер Зинченко во Арсенал и Кукурелја, кој импресионираше минатата сезона е првата цел, но „граѓаните“ не се подготвени да платат огромна сума за 24-годишниот Шпанец. Кукурелја пристигна во Брајтон од Хетафе во 2021 година и има договор до 2026 година.

Кукурелја имаше 38 настапи за Брајтон лани и ја доби наградата за најдобар играч на клубот во избор на навивачите на клубот. Сити би дале максимум 35 милиони фунти за неговите услуги.

Scroll to Top