Манчестер Сити не се откажуваат од доведување на Хари Кејн на „Итихад“ сезонава, па според последните информации, „граѓаните“ се согласни да го продадат Емерик Лапорт за да се соберат пари за Англичанецот, но воедно и да го испочитуваат финансискиот фер-плеј.
Преодниот рок во Англија е далеку од готов.
Четата на Пеп Гвардиола е посилна за Џек Грилиш кој за 117 милиони евра дојде од Астон Вила, но сепак капитенот на Тотенхем е метата број 1 за англискиот шампион.
Медиумите на Островот пишуваат дека шпанскиот стопер Емерик Лапорт би можело да замине од Манчестер доколку за него бидат платени 70 милиони евра.
Заинтересирани има – Јувентус и Реал Мадрид, но прашање е дали во ек на финансиска криза некој клуб ќе може да одвои толкава сума за дефанзивец.
Блиску до напуштање на Сити е и Бернардо Силва кој е во втор план кај Гвардиола. Апсолутна предност имаат Ријад Марез и Фил Фоден.