Top Sport

Сити немаат победа во Ливерпул од 1981 година

Ливерпул и Манчестер сити вечерва ќе го одиграат дербито во Премиер лигата. По 12 рунди „црвените“ се лидери со шест поени повеќе од „граѓаните“.

Јасно е дека Сити се пред императивот на победа, меѓутоа традицијата не е на нивна страна. Манчестер сити на „Енфилд“ последен пат го победиле Ливерпул пред 38 години, во 1981 година.

„Јас не верувам многу во статистиката. Тоа е во ред меѓутоа јас размислувам околу тоа што ни е потребно за да победиме“, рекол менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола.

Во 1981 година Сити победиле во Ливерпул 2:1, а со овој резултат заврши и последниот нивни дуел одигран минатата сезона на „Етихад“ во Манчестер.

Пред мечот менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, имал јасна порака за новинарите.

„Не размислувам за Сити од минатите сезони, туку за тимот што игра денес. Карактерот на тој тим и на неговиот менаџер е добар, поседуваат квалитети, одлични се технички потковани, многу се врзи“, рекол Германецот.

Натпреварот на „Енфилд“ ќе започне во 17.30 часот.

Scroll to Top