Манчестер сити најверојатно нема да потпишат договор со Алексис Санчез во јануари и ќе почекаат до крајот на неговиот договор во текот на летото откако имаат фантастичен старт на сезоната, јавува „ПАС“.
Лидерите во Премиер лигата не се брзаат за да го добијат фантастичниот Чилеанец, и се свесни дека некој друг клуб може да потпише пред-договор со него, но од друга страна се убедени дека и така имаат доволно силен тим, посебно во нападот.
За 29-годишниот Санчез се заинтересирани и во Пари Сен-Жермен, но Сити сега сметаат дека не е потребно да се трошат пари, откако во текот на летото понудија 60 милиони фунти кои беа одбиени од „топчиите“, бидејќи тие не можеа да најдат замена на таа позиција.
Сити се непоразени во Премиер лигата со предност од 11 поени и имаат 16 победи во низа, а исто така се во осминафиналето на Лигата на шампиони.
Наместо за Санчез, Пеп Гвардиола и тимот може да се решат за итно засилување на одбраната, посебно бидејќи Џон Стоунс и Винсен Компани се мачеа со неколку повреди. Една опција е Џони Еванс, поранешниот играч на Јунајтед, кој сега настапува за Вест Бромвич Албион, како и Виргил ван Дајк од Саутемптон. Политиката на Сити е на засилувањата да се гледа со план од 18 месеци, а не само за краткотрајни решенија.