Манчестер сити го понудиле Бернардо Силва на Барселона за 67 милиони фунти, средства кои потоа би ги искористиле да го донесат фудбалерот од средниот ред на Лион, Лукас Пакуета, тврди францускиот „Л’Екип“.
Силва беше еден од најдобрите фудбалери на Сити минатата сезона, но шпекулациите за неговиот „сон“ да игра за Барселона траеја цела сезона, со вести дека тој дури лично им се понудил на шефовите на Барселона. Од друга страна Пеп Гвардиола веќе ги продаде Рахим Стерлинг, Габриел Жесус и Олександер Зинченко, но би се согласил да го даде и Португалецот за вистинска цена.
Од друга страна Пакуета, кој разочара во европското деби за Милан, ја врати кариерата на вистински пат со Лион по трансферот во 2020, станувајќи стандарден и во бразилската репрезентација (за која има 33 настапи и 7 гола).
Барселона, од друга страна, не го крие интересот за Бернардо Силва, иако е нејасно дали ќе имаат доволно средства за трошење, откако потрошија над 170 милиони евра на Роберт Левандовски, Рафиња и Жил Кунде.