Top Sport

Сити постигна 600 гола под водство на Гвардиола: Сега сум задоволен!

Водечкиот гол на Манчестер Сити синоќа против Олимпик во Марсеј на младиот Феран Торес беше јубилеен 600-ти што „граѓаните“ го постигнале во сите натпреварувања додека менаџер на екипата е Пеп Гвардиола. Шпанецот од август 2016. е во Манчестер.

Неговиот стил на игра синоќа го почувствува и Марсеј.

„Игравме многу добро, ја контролиравме играта од самиот почеток. Секогаш во ЛШ е тешко да се победи нагости, но задоволен сум и од играта и од резултатот“ рече Гвардиола по мечот.

Шпанскиот стратег упати пофалба за дел од неговите играчи.

„Стерлинг беше исклучителен, Фоден исто така. Лапорт беше добар, Вокер е во најдобра форма откако работиме заедно, Зинченко многу ни помогна, Стоунс зграби неколку добри минути. Задоволен сум“ смета Шпанецот.

Сити наредниот предизвик ќе го има во сабота, нагости кај Шефилд Јунајтед.

Scroll to Top