Манчестер сити се пред комплетирање на трансферот на Португалецот Матеуш Нунеш од Вулверхемптон за 47 милиони фунти, јавуваат повеќе англиски медиуми. Во исто време, двата клуба посебно се договорија за трансферот на 21-годишниот играч од средниот ред, Томи Дојл, за кого Вулфс ќе платат 4 милиони фунти.
Менаџерот на Вулверхемптон, Гери О’Нил оваа недела изјави дека очекува Нунеш да остане во неговиот клуб, двата клуба се договорија за трансфер и денеска тој го пропушти тренингот на својот тим.
Сити бараат засилувања за средниот ред откако Кевин де Брујне го повреди бутниот мускул во мечот од првото коло во Премиерлигата и ќе паузира најмалку шест месеци.
Вулфс платија 38 милиони фунти за трансферот на Нунеш во 2022 година, а со неговото име долго време се поврзуваше Ливерпул, кои на крајот се решија да ги купат Алексис Мекалистер и Доминик Собослаи.