Манчестер сити продолжува со „походот“ кон титулата во англиската Премиер лига, откако со минимални 1:0 ги совладаа актуелните шампиони Челси во последниот неделен меч на „Етихад“.
Давид Силва со брз пробив упати топка на другата страна на теренот, за да го најде Бернардо Силва на стартот на второто полувреме за да го постигне единствениот гол, доволен за три поени, со кои Сити се одвои на 18 поени пред Манчестер јунајтед, кои во понеделник играат со Кристал Палас.
Челси останува на петтото место во Премиер лигата со 53 поени, пет помалку од четвртопласираните Тотенхем и дури 25 помалку од „граѓаните“ на врвот.
Фото: ЕПА