Top Sport

Сити решија да не платат 95 милиони фунти за Марез

Манчестер сити се повлекоа од предвидениот трансфер на фудбалерот на Лестер, Ријад Марез, бидејќи тоа ќе ги чинеше 95 милиони фунти.

26-годишниот Алжирец побара трансфер од Лестер во вторникот, по што Лестер предложија „трампа“ на играч плус пари, но Манчестер сити не сакаа да потрошат повеќе од 60 милиони фунти. Ова откажување доаѓа откако Сити претходно реши да не го „лови“ Алексис Санчез, кој се приклучи на Манчестер јунајтед.

Интересот за Марез порасна по повредата на Лирој Сане добиена на мечот од ФА купот против Кардиф.

Марез дојде во Лестер во јануари 2014 година, и беше прогласен за играч на годината кога „лисиците“ ја освоија титулата во 2016 година. Во 127 настапи за Лестер тој имаше 35 гола и 24 асистенции.

Британските медиуми јавија дека тој не тренираше во вторникот, пред денешниот меч против Евертон.

Манчестер сити претходно се засилија со францускиот дефанзивец Ајмерик Лапорт од Атлетик Билбао за рекордни 57 милиони фунти.

Scroll to Top