Top Sport

Сити се упорни за Кејн – подготвена е понудата од околу 150 милиони фунти?

Информациите кои доаѓаат од Велика Британија се дека Манчестер Сити никако не се откажуваат од идејата ова лето на „Итихад“ да го доведат напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн.

Наводно, „граѓаните“ веќе имаат подготвено сума околу 150 милиони евра за капитенот на „Гордиот Албион“, па се очекува реакцијата на првиот човек на Спарси, Даниел Леви за тоа дали ќе ја пушти првата ѕвезда од својот тим.

Додека се чека одговорот од претседателот на „петлите“, Кејн ги одигра првите минута во дресот на Тотенхем, во победата на гостувањето кај Вулверхемптон влезе од клупата во второто полувреме.

Scroll to Top