Манчестер сити не се мират со одлуката на УЕФА, која минатиот петок им одреди две годишна суспензија од европските купови. Веднаш најавија жестока правна битка, а одлуката на УЕФА ја обжалија пред Судот за спортска арбитража во Лозана.
Најдобриот правник во светот а ангажиран од шеикот Мансур за да ја собори одлуката на УЕФА (две години суспензија + 30 милиони евра).
Станува збор за човекот кој успеал два пати да го блокира „Брегзит“, баронот Дејвид Пинок. Овој човек кој титулата барон ја добил во 2008 година и кој за своите услуги дневно наплатувал 20.000 фунти.
Во клубот биле убедени дека од спорто со УЕФА ќе излезат како победници, а шеикот Мансур потврдил дека нема да се повлече туку ќе продолжи да инвестира во клубот.