Top Sport

Сити за две минути го решија Кристал Палас (Видео)

Фудбалерите на Манчестер сити како гости го совладаа Кристал Палас со 2:0. На „Селхрст Парк“ во Лондон, головите за Сити ги постигнаа Габриел Жесус и Давид Силва. Куриозитет за овој натпревар е што тренерот на Сити Пеп Гвардиола во тимот немаше класичен централен дефанзивец. Во срцето на одбраната играа играчите од редот за врска Фернандињо и Родри.

Сити под контрола го има првиот дел од играта, а не успеаја да постигнат гол пред 39 минута, бидејчи голманот на палас, Вејн Хенеси имапе две одлични интервенции во 17 и 22 минута.

Сепак тој не можеше да го одбрани ударот на Габриел Жесус во 39, а пота и на Давид Силва во 41 минута.

„Граѓаните“ имаа неколку сјајни шанси во вториот дел да забележат убедлива победа но Хенеси и себичноста не донесоа промена на резултатот.

Scroll to Top