Top Sport

Скалони: Аргентина може да ја одбрани титулата на Копа Америка

Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Скалони изјави дека верува оти неговиот тим може да ја одбрани титулата на Купот на Америка, пренесуваат американските медиуми.

Фудбалерите на Аргентина во среда ќе играат против Канада во полуфиналето на Купот на Америка. Репрезентацијата на Аргентина ја брани титулата на Купот на Америка, откако во финалето на ова натпреварување во 2021 година во Рио де Жанеиро го совлада Бразил со 1:0.

„Целта на овие турнири е секогаш да одиме до крај. Веќе го завршивме првиот дел, се надевам дека ќе стигнеме до финалето, а потоа и до титулата“, рече Скалони на прес-конференцијата.

Scroll to Top