Top Sport

Скалони: Меси сам ќе одлучи уште колку ќе игра за Аргентина

Аргентинскиот селектор Лионел Скалони инсистира дека првата ѕвезда на тимот, Лионел Меси самиот ја контролира својата иднина во репрезнтацијата и уште колку ќе игра за актуелниот светски шампион.

Меси, изненадувајќи многумина, по триумфот на СП во Катар изјави деа ќе продолжи да игра за „албиселесте“ и покрај тоа што има 35 години, по што самиот Скалони изјави дека се надева дека ќе продолжи до следното СП во Мексико, САД и Канада во 2026

„Меси ќе продолжи да доаѓа кај нас додека тој не каже нешто спротивно. Сакам да го видам среќен на теренот со репрезентацијата и во моментов изгледа одлично. Ја заслужува љубовта која ја добива. Ние сме светски шампиони, но тоа не значи дека немаме право да бараме нешто повеќе. Пораката е дека сега почнува нов процес. Сега сме светски шампиони, но без никаква предност“, вели Скалони.

Аргентина ќе одигра пријателски мечеви против Панама и Курасао за време на интернационалната пауза, а првиот следен конкурентен турнир е Копа Америка во 2024.

Scroll to Top